Општина Карпош е подготвена за најавените снежните врнежи

Зимската служба на општина Карпош, утринава распрскува емулзиона течност на дел од повисоките места во населбите Бардовци, Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ во Козле, како и низ населбата Влае (кај удолницата меѓу бул. „Партизански одреди“ и ул. „Петар Чаулев“). Оваа течност се нанесува низ улиците како превенција, за да спречи евентуално заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи во текот на викендот.

Според остварената комуникација со службите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје е најавена снежна покривка од 10 сантиметри и ниски температури кои се очекува да траат повеќе денови.

Локалната самоуправа ги презема сите активности за правилно справување со снегот. Покрај набавката на сол, организирано е и дежурство на комуналните служби, кои во случај на снег ќе ги чистат пофреквентните пешачки зони.

Основната цел е да бидат проодни пристапите пред детските градинки, основните училишта, здравствените установи, како и да се обезбеди непречено движење низ повисоките населби.

 

Слични содржини