Општина Карпош започна со делење на 3.000 маски за повеќекратна употреба

од Берта Китинска

Општина Карпош започна со делење на 3.000 маски за повеќекратна употреба, за поруралните делови во Карпош (Злокуќани, Бардовци, Нерези).

-Маските ќе се делат и пред фреквентни места: маркети, банки, автобуски постојки.Благодарност до Амбасадата на Словачка и амбасадорот Хенрик Маркуш, за донацијата, како и за поддршката од Macedonia Welcome Centre, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Слични содржини