Општина Лозово ветува вработување за Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски денес ја посети ѕвездата на „Медена земја“, Атиџе Муратова и вети вработување во општината, како и ветување за куќата на Атиџе да добие нов кров.

-Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од „Медена земја”.
🍀 Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.
По завршување на турнеите и земањето на🏆🏆 оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.
Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички 🎼аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио, напиша Велковски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини