Општина Неготино ќе инвестира два милиона денари за решавање на деценискиот проблем

од desk4

Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, информираше дека со два милиона денари ќе се реши децениски проблем на дел од градот, кој се полни при секој дожд. Проблемот се однесува на просторот позади тунелот, до аптеката Зегин, во строгиот центар на градот.

Според градоначалникот, при врнежи од дожд, голем број сограѓани кои живеат на тој дел од градот се соочуваат со разни проблеми. За да се реши овој децениски проблем, општината Неготино порачала изработка на проектна задача за долгорочно решавање на проблемот со собирањето на атмосферските води. Вредноста на проектот се очекува да биде околу 2.000.000 денари, а средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на општината.

Горан Стојанов истакна дека општината континуирано ги следи потребите на жителите, како во урбаните, така и во руралните средини. Со оваа иницијатива, општината се обврзува да го реши долгогодишниот проблем и да го подобри квалитетот на живот на луѓето кои се засегнати од непропорционално собирање на водата при дождови во овој дел на градот Неготино.

Слични содржини