Општина Прилеп и компанијата „Ипринт“ ќе донираат заштитни штитови за лице

од Vladimir Zorba

Општина Прилеп и компанијата „Ипринт“ ќе донираат заштитни штитови за лице за дополнителна заштита од коронавирусот, соопшти градоначалникот Илија Јовановски.

Од денеска започнува изработка на штитови за лице, кои првично ќе бидат донирани на здравствените работници, а потоа и на сите оние кои се најмногу изложени на инфекција од коронавирусот.

Во текот на утрешниот ден, шеесетина штитови ќе и’ бидат дадени на Општата болница во Прилеп, а во следните неколку денови вакви штитови ќе добие целиот медицински персонал во болницата, после што заштитни штитови ќе им бидат донирани и на матичните лекари и стоматолози.

– Штитовите за лице се ставаат над заштитната маска, за да заштитата биде поголема од кивање, кашлање и капличната инфекција која се јавува. Формиран е и таканаречен „3Д пункт“, каде нашите сограѓани кои поседуваат 3Д принтери можат да се пријават, со цел да направиме што побрзо и што повеќе вакви штитови за лице, затоа што се неопходни во овој момент, додава Јовановски.

Слични содржини