Општина Штип бара да се укине плаќањето на паушалот за градинките изминативе месеци

од Берта Китинска

Градоначалникот на Општина Штип, Благој  бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за месеците април, мај, јуни, јули и август. Тој појаснува дека се работи за паушал кој е наменет за тековно работење, одржување и за материјални трошоци на градинките.

„Во оваа ситуација после повеќе консултации со раководствата на двете детски градинки и претседателот на советот, како градоначалник денес од управните одбори на градинките барам според редовната процедура да се отвори постапка за укинување на наплатата и на основниот паушал на родителите за месеците април, мај, јуни, јули и август. За потсетување овој основен паушал се наплаќал секогаш во летните месеци во претходните години“, изјави Бочварски.

Слични содржини