Општина Тетово ќе обезбеди место за гласање на бугарските државјани на изборите на 2 април

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов на која се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји.

На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија.

Една од темите на разговор беше и организацијата на избирачкото место во Тетово за бугарските граѓани кои би сакале да гласаат на парламентарните избори на 2 април. Градоначалникот Касами и амбасадорот Ангелов се обврзаа да обезбедат избирачко место, за граѓаните на Општина Тетово кои имаат бугарско државјанство.

На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.

Слични содржини