Општина Центар: Полицајци на велосипеди спречиле десетчлена банда која ограбувала граѓани

од Nikola Popovski

Полицајци на велосипеди вчера попладне спречиле десетчлена банда која ограбува низ Општина Центар.

„Со брза и одлучна акција, велосипедската единица интервенираше кај скејт паркот во близина на Олимпискиот базен, каде цел на нападот на бандата беа деца кои си играле на просторот“, информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според информациите од МВР, првин интервенирале полицајци на велосипед кои потоа повикале засилување на лице место.

На лице место присутни биле единиците на интервентна полиција и униформираната полиција.

Слични содржини