Општина Центар: Позорникарите ги враќаат мирот и безбедноста на граѓаните

од Берта Китинска

Со маалските полициски службеници се враќа и спокојот на граѓаните во Центар. За влијанието на полициските службеници во населбите пред граѓаните кои живеат околу ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, вчера доцна попладне разговараа претставници од Општина Центар и позорникарите кои ќе патролираат во овој реон, велат од Општина Центар.

-Тие пред граѓаните посочија дека непосредното физичко присуство на униформирани лица, меѓусебната комуникација и размената на информации довело до намалување на прекршоци од областа на јавниот ред и мир и намалување на извршени кривични дела во овој дел од централното градско подрачје.

На денешната средба позорникарите им порачаа на граѓаните на Водно да ги практикуваат нивните совети за заштита на домовите од кражби и апелираа до нив доколку приметат нешто сомнително да го пријават истото на телефонскиот број 192.Општина Центар преку овие средби со граѓаните на кои секогаш присуствуваат и претставници на МВР ги прави со цел жителите во населбите да ги запознаат полициските службеници кои ќе патролираат и ќе ги заштитуваат нивните животи и имоти. На средбата меѓу претставниците од општината и граѓаните стана збор и за тековните случувања на Водно, информираа од Општина Центар.

Слични содржини