Општина Центар започнува со целосна дезинфекција на 8 основни училишта

од Vladimir Zorba

Во наредните денови, Општина Центар започнува со целосна дезинфекција на сите 8 основни училишта, пред самиот почеток на новата учебна година, соопшти градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кој денеска, заедно со претседателката на Советот, Цветанка Симоновска, претседателката на Комисијата за образование, Биљана Чурилова и раководителката на секторот за Јавни дејности, Јагода Јанковска го посетија ООУ „Коле Неделковски” и им посакаа успешен и среќен почеток на првачињата.

– На креативен начин, тимот од училиштето симулираа наставен час на отворено за првачињата и преку музичко-сценски настап од страна на учениците, ги презентираа насоките и мерките кој секој ученик треба да ги почитува за безбедна реализација на наставата. Како локална самоуправа, свечениот прием на ученици го спроведовме во сите основни општински училишта, согласно безбедносните протоколи и новите адаптирани услови за настава, додаде тој.

Слични содржини