Актуелно
Почетна / Локално / Општинскиот кризен штаб ќе побара од надлежните здравствени институции дополнителен број епидемиолози за Куманово

Општинскиот кризен штаб ќе побара од надлежните здравствени институции дополнителен број епидемиолози за Куманово

Општинскиот кризен штаб Куманово бара од Министерство за здравство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.

Од штабот ја задолжија општината да набави дополнителна заштитана опрема (маски, очила, униформи), средсатва за дезинфекција и опрема за дезинфекција ( пумпи и возила). Маректите да воведат телефонска линија за испорака на прехранбени продукти и доставата да се врши согласно препораките за заштита. Одделението за уво, грло и нос ќе ги прима пациентите само со покачена температура.

По завршување на седницата на штабот, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски пред медиумите изјави дека од вчера до денеска има дополнителни два позитивни случаи, согласно информациите од Центарот за јавно здравје.

loading...