116
Италијанската национална служба за цивилна заштита во Рим одржа прес-конференција на која објави нови информации за починатите и болните во таа земја.
Според последните информации, во последните 24 часа имале 604 смртни случаи, додека вкупно 17,127 луѓе починале во земјата од почетокот на епидемијата.
Вкупно 135.586 луѓе се разболеле во земјата од почетокот на пандемијата.
Во последните 24 часа имало 3039 нови пациенти, што е најмал број од 10 март, објавено е на прес-конференцијата.
Вкупни излечени се 24.392 лица, а активни се 94.067 случаи.