Оптимизам кај италијанските експерти: Наредните денови следува пад на бројот на новозаразени во Ломбардија

од Nikola Popovski

Експертите во Ломбардија, жариштето на вирусот Ковид-19 во Италија, предвидуваат пад на бројот на новозаразени во наредните денови, но предупредуваат дека постои ризик во есен да се појави нов бран на заразени со коронавирус, рече претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.

– Некои експерти предупредуваат дека постои ризик дека коронарниот вирус може да се врати со вирусот на грип во октомври и ноември, па затоа мора да бидеме подготвени, изјави Фонтана за Радио Паданија.

Осврнувајќи се на болничките кревети поставени во изложбениот салон во Фиера Милано, Фонтана рече дека тие не треба да се отстранат, туку да останат како сигурност во ситуација, за која „се надева дека никогаш нема да се случи во иднина“.

Првиот човек на Ломбардија изјави дека статистиката покажуваат дека денешниот ден е „позитивен“ затоа што нема зголемување на нови случаи на инфекција во однос на претходните денови.

– Она што се случува е тоа што го предвидоа нашите експерти, а тоа е падот (на случаи) во наредните денови – рече Фонтана.

Претседателот на Венето, еден од регионите најтешко погодени од италијанската епидемија, Лука Заја рече дека „се подготвува повторно да се отвори, но според критериуми што ќе го избегнат ефектот на Хонг Конг кога мерките и карантинот беа предвреме укинати“.

„Би било трауматично сè да се отвори, а потоа повторно да се затвори“, рече Заја.

Официјални италијански власти изјавија дека вирусот има благ пад, но дека карантинските мерки низ целата земја ќе бидат продолжени до 13 април за да се спречат, меѓу другото, и нови жаришта.

Слични содржини