Орбан: 183 смртни случаи од Ковид-19 за еден ден во Унгарија

од Nikola Popovski

Во Унгарија, во последните 24 часа починале 183 лица од Ковид-19, претежно стари лица и со хронични болести, а потврдени се 2.141 нови случаи, изјавил денес премиерот Виктор Орбан.

Со новите податоци, бројот на смртни случаи во Унгарија се искачи на 8.282, а бројот на оздравени на 102,962.

Вкупниот број на заразенил се искачи на 305.130, според податоците на веб-страницата „koronavirus.gov.hu“, објавени ​​денес.

Имајќи ја предвид моменталната состојба, медицинската подготвеност поврзана со коронавирус треба да трае во Унгарија во текот на 2021 година, соопштил во понеделникот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан: Корона-кризата до крајот на 2021 година.

„Ние нема да ја надминеме оваа криза пред крајот на 2021 година“, изјавил Орбан.

„Може да има полесни периоди по првиот круг на вакцинација, а подоцна и по масовната вакцинација, но веројатно ќе бидат потребни уште дванаесет месеци за сè да се врати во нормала“, реколтој.

Бројот на активни инфекции сега е 193.886, а хоспитализирани се 7.097, од кои 517 се приклучени на апарати за дишење.

Слични содржини