Орбан: Брисел ја нападна Унгарија, мора да ги заштитиме децата

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, оцени дека „Брисел ја нападна Унгарија“, за време на денешното интервју за државното радио, додавајќи дека затоа е неопходен референдум за заштита на децата.

Орбан наведува дека во документот испратен до унгарската влада, Европската комисија побарала Будимпешта да го смени законот за заштита на децата.

Иако семејството и правата на децата се национални прашања, „Брисел изврши огромен притисок врз нас“, додаде Орбан, објави агенцијата МТИ.

„Ќе ве уценуваат, ќе ви се закануваат, ќе покренат разни процедури, ќе ги одложуваат плаќањата, но не можеме да се предадеме бидејќи е во прашање иднината на нашите деца“, рече Орбан

Премиерот на Унгарија вели дека „само Владата нема да биде доволно силна во таа борба“ и дека им е потребна поддршка од „секој Унгарец“.

Тој потсети дека беше слично кога стануваше збор за квоти за прием на мигранти.

Според Орбан, „Брисел сака Унгарија да дозволи активисти за ЛБГТК да влегуваат во училиштата, а Европската комисија смета дека некои права во училиштата ќе им претходат на правата на родителите“.

„Европската унија очекува да придонесе за идеалот на европската слобода, но децата не се дел од слободата на возрасните и не станува збор за слобода, туку за заштита на децата. Тие сакаат да ни ја одземат можноста да ги едуцираме децата. Можеби е различно на Запад, но образованието на унгарските деца е унгарско“, проценува Орбан.

Унгарија има право на средства за закрепнување (од пандемијата) од ЕУ, вели Орбан.

„Тие можат да одолговлекуваат, но не можат да ги блокираат, па владата одлучи да ги финансира програмите што претходно ги одобри Брисел. Ние ќе платиме за тие проекти, без разлика дали ќе добиеме пари од Брисел или не“, рече тој.

Слични содржини