Орбан: Брзото одобрување на вакцината од Британија е шамар за ЕУ

од Vladimir Zorba

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја пофали Велика Британија за брзото одобрување на вакцината за коронавирус и ја критикуваше Европската унија дека е премногу бавна.

„Оној што ќе замине (од ЕУ) оди по својот пат, наоѓа свои решенија и може да ги заштити здравјето и животот на своите граѓани побрзо отколку што можеме ние (во ЕУ)“, изјави Орбан за државната телевизија.

Тој оцени дека брзото британско одобрување на вакцината „Фајзер“ во средата е „шамар“ за Европската унија.

„Фајзер“ и „Бајонтек“ поднесоа апликации за одобрување оваа недела, но регулаторот на Европската унија сè уште не ги одобри вакцините, ниту регулаторот во Соединетите држави.

Велика Британија е прва и досега единствена земја што ја одобри вакцината. Земјата објави дека имаат намера да започнат кампања за вакцинирање во вторник.

Орбан веќе долго време е во судир со Европската унија, која ја обвинува неговата влада дека не го почитува владеењето на правото.

loading...

Слични содржини