Орбан донесе одлука: Унгарија забрани извоз на енергенси

од Nikola Popovski

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска нареди забрана за извоз на енергенси и ја укина повеќегодишната ценовна граница за комуналните услуги за домаќинствата кои користат енергија над просечното ниво на потрошувачка.

Унгарската влада прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, изјави помошникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гулаш.

Мерките, кои вклучуваат план за зголемување на домашното производство на гас на две милијарди кубни метри од 1,5 милијарди, ќе стапат на сила од август за да се обезбеди континуирано снабдување со енергија во текот на зимата, рече Гуљас, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека ќе се продолжи времето на работа на постојната нуклеарна централа, а Владата го овластила министерот за надворешни работи да набави дополнителен гас.

Слични содржини