Орбан: Европа мора да склучи безбедносен договор со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Европа мора да постигне договор со Русија за иднината на европската безбедност, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Секако, мораме да склучиме договор со Русија за иднината на европската безбедност“, рече Орбан, говорејќи на економски форум во Катар.

Унгарскиот премиер напомена и дека има два пристапа за тоа како ќе изгледа Европската унија во иднина. Според него, Брисел сака да создаде „Соединети европски држави“, а голем број земји, меѓу кои и Унгарија, се за проширување на националните надлежности на земјите-членки, пренесе РИА.

Слични содржини