Орбан ги забранува ЛГБТ-темите во училиштата, илјадници Унгарци излегоа на протест

од Nikola Popovski

Илјадници Унгарци протестираа денеска пред парламентот во Будимпешта против законот што ќе забрани дискусии за хомосексуалноста или промена на полот во училиштата.

Демонстрантите држеле знамиња во бои на виножито, а некои биле видно вознемирени, објави Ројтерс.

Агенцијата наведува „дека тврдоглавиот националист, унгарскиот премиер Виктор Орбан, станува се повеќе радикален во неговата социјална политика, дистанцирајќи се од имигрантите и ЛГБТ луѓето во неговиот самопрогласен нелиберален режим, кој длабоко ја подели оваа европска нација“.

Вториот протест овој месец, по повеќе од една година пауза поради коронавирусот, покажа дека Орбан не е без опозиција и шест партии се соединиле да го победат на изборите следната година, додава британската агенција.

Владата на Орбан го редефинираше бракот во Уставот како заедница помеѓу еден маж и една жена и го ограничи посвојувањето деца од хомосексуалци.

Исто така го забрани правниот статус на трансродовите лица.

Слични содржини