Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека разузнавачките служби го завршиле извештајот за мрежата на Џорџ Сорос.

Извештајот потврдува дека американскиот финансиер се обидува да се меша во парламентарните избори во таа земја следната година.

„Соросовата мрежа работи како партија: сака да ги отстрани или да ги ослаби владите кои се спротивставуваат на населувањето на муслимани“, вели Орбан за државното радио Кошут.

Тој додава дека Соросовата мрежа ја продолжува пропагандата, посилна од цивилното општество, плаќа стотици и илјадници луѓе, и воспоставува цивилни центри ширум земјата кои ќе функционираат како политички партии за време на кампањата.

На прашањето кој дел од извештајот ќе биде објавен, Орбан наведе дека владата мора да биде внимателна затоа што ни една земја не сака да ги покажува своите разузнавачки капацитети.

Слични содржини