Орбан: Имаме доволно вакцини за секого, ги олеснуваме мерките

од Vladimir Zorba

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека борбата на Унгарија против пандемијата „Ковид-19“ влегува во нова фаза и дека почетокот на ноќниот полициски час ќе биде преместен на полноќ.

Орбан додаде дека рестораните од утре ќе бидат отворени до 23 часот, пренесува унгарската агенција МТИ.

Угостителските објекти исто така ќе можат да ги отворат своите затворени делови и да им служат на клиентите со сертификати за имунизација, рече Орбан во своето редовно интервју за Радио „Кошут“, цитирано од Танјуг.

Според него, хотелите, зоолошките градини, музеите, кината, театрите, спортските сали и спортските објекти ќе бидат повторно отворени и ќе можат да ги посетуваат малолетници во придружба на нивните родители.

Орбан потенцираше дека со вакцинацијата, која до минатата ноќ достигна бројка од 3.911.000 милиони луѓе, Унгарија денес сигурно ќе ја премине границата од четири милиони, што од утре ќе ја отвори вратата за воведување нови регулативи.

Во меѓувреме, како што рече, Унгарија ќе започне со вакцинирање на деца на возраст од 16 до 18 години, со вакцината „Фајзер / Бајонотек“, по 10 мај, кога завршуваат испитите во средните училишта.

„Унгарија сега има доволно вакцини за секој што сака да се вакцинира“, рече Орбан, но предупреди дека пандемијата сè уште не е завршена и дека е потребно да се дејствува одговорно.

Слични содржини