ОРБАН: Мировните преговори меѓу Москва и Киев може да траат со месеци, па дури и со години

од Vladimir Zorba

СОСТОЈБАТА во Украина мора да се реши по мирен пат, иако тоа може да потрае „месеци, па дури и години“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на меѓународна прес-конференција.

– Работите не треба да се комплицираат премногу, неопходен е итен прекин на огнот, по што веднаш треба да почнат мировните преговори, но тоа може да потрае со месеци, па дури и години, рекол Орбан, а изјавата ја пренесе неговиот секретар за медиуми Берталан Хаваши.

Унгарскиот премиер ја коментирал и кризата на политичкото лидерство во Европа.

– На европските лидери често им е тешко да ги препознаат и формулираат сопствените интереси на континентот, рече Орбан.

Тој претходно изјави дека мирот во Украина ќе биде возможен кога тоа ќе го посакаат САД.

Во исто време, министерот за надворешни работи и надворешни економски односи на Унгарија, Петер Сијарто, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, ги повика „суперсилите“ да започнат мировни преговори за Украина наместо да разговараат за испорака на оружје.

Сијарто подвлече дека „Унгарија и унгарскиот народ веќе платија висока цена“ поради овој конфликт, бидејќи заедно со Украинците, страдаат и Закарпатските Унгарци, кои се мобилизирани во украинската војна, а самата Унгарија ги чувствува негативните економски последици од конфликтот.

Министерот нагласи дека во меѓународниот политички дискурс „воената реторика се слуша многу гласно, а мирољубивата реторика практично молчи“ и апелираше тоа да се промени.

Слични содржини