Орбан: Нема источни и западни вакцини, туку само добри и лоши

од Nikola Popovski

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјите мора да набават што повеќе вакцини и што е можно побрзо, без оглед дали доаѓаат од исток или од запад.

Во интервју за германскиот портал Фокус онлајн, по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина Спутник V, тој рече дека во пандемија, задача на политичарите е да преземат одговорност и да го заштитат здравјето и животот на граѓаните.

„Затоа што оние кои купуваат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата“, рече тој.

Тој истакна дека нема „источни или западни вакцини“, туку само добри или лоши, пренесува „МТИ“.

Орбан рече дека набавката на вакцини и напнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања.

Тој истакна дека човечкиот живот и заштитата се над политичките размислувања.

Орбан додаде дека е „неодговорно“ да се политизира набавката на вакцини и „да им се дозволи на луѓето да умрат и да ја ограничат нивната слобода само затоа што некој има забелешки на земјата во која се произведува“.

„Објективно гледано, јасно е дека источниот дел на Европа разви култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини“, рекол Орбан.

Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, Орбан вели дека е јасно дека станува збор за погрешна одлука.

САД, Велика Британија, Израел, па дури и Србија „се далеку пред земјите-членки на ЕУ“, рече Орбан, додавајќи дека сега е предоцна за промена на тој курс.

loading...

Слични содржини