Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека е оправдано да се претпоставува дека има поврзаност меѓу атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо и војната во Украина.
Орбан рече дека „малку земји зборувале со гласот на мирот, освен Унгарија, Ватикан и Словачка неодамна“ и додаде дека „силните центри на моќ имаат интерес да ја продолжат војната“ во Украина, пренесува „МТИ“.
Унгарскиот премиер рече дека „сигурно е дека напаѓачот бил левичар и наклонет на војната“ и оти затоа претпоставките за поврзаноста на атентатот и војната „не се неоправдани“ бидејќи, како што оцени, „зад политичарите кои се за војна стојат големите сили“, пренесува „Танјуг“.
„Оние кои се за мир не смеат да се плашат и мора да се соочат со империјата на Сорос и, доколку е потребно, со американската надворешна политика и мора јасно да кажат дека во интерес на Европа е страните да се вратат на преговарачката маса“, рече Орбан.