Орбан прогласи победа на изборите во Романија

од Nikola Popovski

Романскиот премиер Лудовик Орбан вечерва изјави дека неговата владејачка Национално-либерална партија победи на вчерашните парламентарни избори, но според првите излезни анкети, изборниот резултат е сè уште неизвесен.

„ПНЛ верува дека е победник на овие избори“, изјавил Орбан, кој е лидер на оваа партија, веднаш по објавувањето на изборните анкети кои покажуваат дека ПНЛ освоила околу 30% од гласовите, пренесува „Аџерпрес“.

Според анкетата спроведена од „Инсомар“, ПНЛ води со 32 проценти од гласовите, додека социјалдемократите ПСД освоиле 28 проценти. Сепак, истражувањето на „Курс-Авангард“ наведува дека ПСД освоил 30,5 проценти од гласовите, а ПНЛ 29 проценти.

Овие излезни анкети биле спроведени два часа пред затворањето на гласачките места, забележува Ројтерс.

Орбан истакнал дека морален победник е неговата партија, но тој исто така ќе биде победник на крајот од процесот на пребројување на гласовите.

Вчера во Романија се одржаа парламентарни избори на кои 18 милиони граѓани имаа право на глас.

Слични содржини