Орбан: Само во бајка е можно Русија да биде поразена и да се помири со тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Само во бајка е можно Русија да биде поразена и таа да се помири со поразот, а во конфликтот во Украина нема да има победници, само губитници, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радио „Кошут“.

„Не сум толку имагинативен за да мислам дека некој може да победи нуклеарна земја. Да мислам дека Русите ќе стојат со скрстени раце додека ги победуваат, им го уништуваат политичкиот систем, го убијат претседателот, го нападнат Црвениот плоштад со дронови и да се верува дека ќе го гледаат тоа тивко и ќе се помират со воен пораз. Такво нешто можат да помислат само оние кои се уште се на ниво на деца. Тоа се случува само во бајка, не се случува во реалноста“, изјави Орбан.

Тој додаде дека уште на почетокот на војната Унгарија верувала дека во оваа војна тешко дека ќе има победници и губитници.

Премиерот на Унгарија објасни дека од една страна НАТО ја снабдува Украина со пари и оружје и дека само од Западот и Америка зависи колку пари ќе одвојат и колку време се подготвени да ги трошат. Тој додаде дека е многу тешко да се поразат современите западни системи за оружје и речиси неограниченото финансирање од американскиот буџет.

„Од друга страна, Русија има многу поголемо население, поголема армија, поголема традиција на производство на оружје, а го има и најголемиот нуклеарен арсенал во светот“, нагласи Орбан.

Слични содржини