Орбан: Санкциите не делуваат, на ЕУ ѝ треба нова стратегија

од Nikola Popovski

На ЕУ ѝ е потребна нова стратегија за војната во Украина бидејќи санкциите против Москва не делуваат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Потребна е нова стратегија, која треба да се фокусира на мировни преговори и давање добар мировен предлог… наместо да се добие војната“, рече Орбан во својот говор во Романија.

Орбан, реизбран по четврти последователен мандат во април, повтори дека Унгарија нема да се меша во војната во соседна Украина. Орбан претходно изјави дека Унгарија, исто така, не е подготвена да поддржи ембарго на ЕУ или ограничувања за увоз на руски гас, бидејќи тоа ќе ја поткопа нејзината економија.

Тој во својот говор истакна дека западната стратегија е изградена на четири столба: дека Украина може да победи во војната против Русија со оружје на НАТО, дека санкциите ќе ја ослабнат Русија и ќе го дестабилизираат нејзиното раководство, дека санкциите ќе и наштетат на Русија повеќе отколку на Европа и дека светот ќе се организира во знак на поддршка за Европа.

Орбан рече дека оваа стратегија е неуспешна затоа што владите во Европа паѓаат „како домино“, цените на енергијата пораснале и сега е потребна нова стратегија.

„Седиме во автомобил со дупнати четири гуми: апсолутно е јасно дека војната не може да се добие на овој начин“, рекол Орбан пред присутните.

„Украина никогаш нема да добие војна на овој начин „едноставно затоа што руската армија има асиметрична доминација“, нагласил унгарскиот премиер.

Слични содржини