Орбан трагичар, Роналдо го скрши отпорот на Унгарците (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Португалските фудбалери ја совладаа Унгарија на преполната „Пушкаш арена“ во 1. коло од групата Ф на Европското првенство со резултат 3:0 (0: 0).

Унгарија успеа да ја зачува својата мрежа цели 84 минути, а претходно успеа и да постигне гол во 80. минута, но истиот им беше поништен поради офсајд.

Португалецот долго се обидуваа отпорот на жилавиот домаќин, а трагичар беше дефанзивецот на Лајпциг, Вили Орбан. Прво несреќно го погоди топката во 84-та минута кога Рафаел Гереро го постигна првиот гол за актуелниот европски шампион, а само една минута подоцна го направи пеналот по повлекувањето на Силва, по што Кристијано Роналдо постигна гол.

Конечниот резултат го постави асот на торинската „стара дама“ по маестрална акција во судиското надополнување.

 

Слични содржини