Орбан: Унгарија е иднината на Европа

од Vladimir Zorba

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во обраќањето пред нацијата рече дека Будимпешта научила дека не мора да и се допадне на „уморната бриселска елита“, посочувајќи дека Унгарија е иднина на Европа.

„Во последните десет години научивме дека Европа не е во Брисел“, соопшти тој, цитиран од унгарската новинска агенција МТИ.

„Европа смение и не треба да и се допаднеме на умошната бриселска елита … Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“.

Орбан долго време е во конфликт со Брисел и ги напаѓа и ЕУ и Европската народна партија (ЕНП), каде неговата партија Фидес е суспендирана.

„Имаме проблеми со ЕУ и овие проблеми произлегуваат од различен пристап како да се изгради Европа“, рече Орбан на коференција на европската екстремна десница на почетокот на февруари во Рим.

Слични содржини