Орбан: Унгарија нема да дозволи да биде вовлечена во војна

од Vladimir Zorba

САД не се откажуваат од „својот план“ да ги принудат сите во воена коалиција, но Унгарија нема „да дозволи да биде вовлечена во војна“, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер во изјава за државното радио рече дека САД се на „побезбедно место“ на мапата, „но не можете да го кажете тоа за Карпатскиот басен“ и дека глобалните политички ризици се различни во Берехово и Будимпешта споредено со САД, пренесува МТИ.

„Со право очекуваме САД да ја земат предвид посебната ситуација во Унгарија. Бевме на страната на мирот и сакаме да останеме таму“, рече Орбан.

Слични содржини