Орбан застана позади УЕФА: Не сака монопол на најбогатите

од Nikola Popovski

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја поддржа позицијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) решително да се спротивстави на планот за формирање на Европската суперлига.

Неговиот портпарол Берталан Хаваси за унгарските медиуми изјавил дека Орбан го поддржува европското единство кога станува збор за спортот и принципот на солидарност.

„Позицијата на Унгарија е дека убавината и возвишеноста на најважната игра во светот доаѓа од фактот дека таа им припаѓа на сите и не може да биде монополизирана од најбогатите“, рекол Орбан и додал дека Унгарија ги поддржува напорите на УЕФА, ФИФА и национална фудбалска асоцијација за заштита на фудбалскиот интегритет на национално и европско ниво.

Вчера, британскиот премиер Борис Џонсон објави дека ќе стори сé што е можно за одвоената фудбалска Суперлига да не ги реализира своите планови.

Слични содржини