Орбан: Желбата на Брисел насилно да ги премести мигрантите во Унгарија е неприфатлива

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е неприфатлив.

„Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат насилно да ги ‘преселат’ мигрантите во Унгарија“, изјавил Орбан, а пренесе на Твитер портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач.

Ова, како што изјави Орбан, е неприфатливо.

Министрите за внатрешни работи на членките на Европската унија постигнаа договор за промена на системот за азил, кој вклучува и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола.

Слични содржини