Ордановски: Доколку сака, судството може брзо да ги решава предметите

од Viktor Jovanov

Имаме поголем проблем со интегритетот на дел од судството, со кадровскиот состав отколку со законите. Доколку правосудството сака да испорача правда тоа ќе го направи. Ако постои волја во судството, може да се решаваат брзо предметите. Гледате за случајот „Рекет“ колку брзо оди. Кога судството и обвинителството сакаат да испорачаат правда тоа мора да се направи. „Рекет“ отиде во супер брза постапка, вели новинарот Сашо Ордановски.

-Треба што побрзо, кој и да дојде на власт, да се затвораат случаите, и „Рекет“ и оние на СЈО. Преживеаме 10 години на една пресија, тоа не смее да се повтори, вели Ордановски.

Слични содржини