Организација на работодавачи: Несериозно е со штрајк да се бара минимална плата

од Nikola Popovski

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи смета дека е несериозен предлогот на ССМ за штрајк доколку не бидат задоволени нивните барање за минимална плата од 18.000 во моментов.

-Да се инсистира и да се заканува дека со штрајк мора да се добие 18.000 денари е несериозна работа. Насекаде во светот многу посериозно се настапува по однос на ова прашање. Порастот на минималната плата треба да биде резултат на сеопфатен дијалог меѓу сите страни. Сложеноста е затоа што минималната плата има две димензии, едната е социјалната за минимум егзистенција на семејствата и втората е економската состојба во државата, како ќе влијае на бројот на вработени, оценува Димитров за Дневникот на Тв Сител.

Според него, денес на средбата во Влата не бил планирано решение.

-Денес само започнавме дијалог за зголемување на минималната плата. Владата треба да помогне и сите да излеземе среќни со тоа што секоја треба да се откаже од своите интереси во однос на другиот, заклучува Димитров.

Слични содржини