Организирал турнир во мал фудбал со публика среде епидемија

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица.

Против едно од лицата, СВР Скопје поднесе кривична пријава  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот А.А.(20) од Скопје,, на 09.08.2020 во 19.00 часот организирал и одржал турнир во мал фудбал на фудбалско игралиште во с.Јурумлери, каде покрај играчите имало и публика.

Слични содржини