Организирале свадба со 110 гости во време на пандемија

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека припадници на полицијата упаднале во угостителски објект каде се организирала свадба со 110 гости.

„Поднесена е кривична пријава против угостителскиот објект и 35-годишен тетовец со иницијали К.К, поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Од инспектори од Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а пријавениот бил уапсен и спроведен во просториите на СВР Тетово“, велат од полицијата.

Слични содржини