Организирале свадба со 300 гости во време на пандемија

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека свадба со 300 гости била организирана на последниот февруарски ден оваа година, во Банско, Струмичко.

Од полицијата истакнаа дека поднесени се кривични пријави против три лица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 28.02.2021, пријавените во селото Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби“, велат од МВР.

Слични содржини