Организирале забава во затворено во време на пандемија

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека поднесена е кривична пријава против правно лице од Дебар и У.Ј.(23) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Според информациите, на 27.06.2021 во 00.30 часот во Дебар, во угостителски објект на ул.„8 Септември“, полициски службеници при извршена контрола затекнале организирана забава со гласна музика и присуство на поголем број на гости во затворениот внатрешен дел на објектот, со што пријавените постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Македонија.

Слични содржини