Орландо Блум откри зошто нема редовен секс повеќе

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Орландо Блум откри дека тој и Кети Пери немале редовен секс откако го добија нивното дете.

Орландо и Кети во август минатата година ја добија ќерката Дејзи Дејв.

Во неодамнешното интервју за „Гардијан“, на прашањето каков е неговиот и сексуалниот живот на Кети, Орландо призна дека му недостига сексот.

„Нема доволно секс, но штотуку добивме дете“, рече актерот.

Двојката неодамна отпатува на одмор на Хаваите, каде Кети беше фотографирана со прстен на раката, што предизвика гласини дека таа и актерот се венчале во тајност, иако сè уште ништо не е потврдено официјално.

Слични содржини