Орландо Меџик го доби првиот пик на Драфтот

од Vladimir Zorba

Екипата на Орландо Меџик „победи“ на драфт лотаријата, па годинава ќе го избере првиот пик на НБА драфтот.

Вториот избор ќе го има Оклахома Сити Тандер, тим кој собра дури 38 пикови во следните седум години преку серија трејдови од претходните сезони.

Третиот пик ќе го имаат Хјустон Рокетс, четврти Сакраменто Кингс, а петти Детроит Пистонс кои имаа најголеми шанси да бидат број 1.

Во првите десет ќе се најдат и Индијана Пејсерс, Портланд ТрејлБлејзерс, Њу Орлеанс Пеликанс, Сан Антонио Спарс и Вашингтон Визардс.

Њујорк Никс ќе го имаат 11-тиот пик, 12-ти повторно Тандер, 13-ти Шарлот Хорнетс, 14-ти Кливленд Кавалирс, а 15-ти повторно Хорнетс.

НБА драфтот е на програмата на 23 јуни, а главни кандидати за прв пик се Паоло Банкеро, Џабари Смит, Чет Холмгрен, Енди Кец …

Слични содржини