Осака се откажа и од Вимблдон, ќе игра на ОИ

од Vladimir Zorba

Втората тенисерка во светот и четирикратна шампионка на Гренд слем турнири, Наоми Осака нема да учествува на Вимблдон оваа година.

„Наоми нема да игра на Вимблдон. Таа треба да помине време со семејството и пријателите. Таа ќе биде подготвена за Олимписките игри и со нетрпение чека да игра пред домашните навивачи“, се наведува во соопштението.

Јапонската тенисерка се повлече од Ролан Гарос минатиот месец, бидејќи нејзината одлука да не комуницира со медиумите наиде на неодобрување.

Осака тогаш истакна дека се обидува да го заштити своето ментално здравје.

Во четвртокот, Рафаел Надал исто така објави дека ќе го пропушти третиот Гренд слем во сезоната.

„Вимблдон“ започнува на 28 јуни, додека Олимписките игри во Јапонија се на програмата од 23 јули.

Слични содржини