Осака: Тажно е Ѓоковиќ да биде запаметен на овој начин

од Vladimir Zorba

Јапонската тенисерка Наоми Осака изјави дека нејзиното мислење за случајот со Новак Ѓоковиќ не е важно, туку дека целата ситуација е тажна.

„Искрено, мислам дека моите зборови не се важни, иако го кажувам тоа што го мислам. Сум видела како луѓето се ставаат на едната страна, а другите ја избираат другата страна. Едно мислење нема да промени ништо, само ќе предизвика дополнителни контроверзии. Мислам дека ова е несреќна ситуација. Тој е одличен играч и малку е тажно што некои ќе го паметат вака. Но, исто така мислам дека не зависи од нас играчите, туку од австралиската влада како ќе одлучи за се. Знам како е да се биде во ситуација кога постојано зборуваат за тебе, каде што ги гледаш коментарите на другите играчи. Тоа не е најдоброто чувство, но се обидувате да останете позитивни“, изјави Осака на прес-конференција во Мелбурн, пренесе Танјуг.

Најдобриот светски тенисер вечерва во 23.30 часот ќе се појави пред тричлениот совет на Сојузниот суд во Австралија, по што ќе се знае дали ќе ја брани титулата на Австралија опен, кој започнува во понеделник.

Слични содржини