Оштетена таблата за електрична енергија од модуларната болница во Прилеп, не е загрозен животот на пациентите

од Vladimir Zorba

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница, соопштија од Министерство за здравство.

– Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата, соопштија од Министерство за здравство и додаваат дека во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти.

– Вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, информираат од Министерство за здравство.

Слични содржини