Оштетени штедачи: Основниот граѓански суд Скопје не ја спроведува Одлуката на Уставниот од 25 мај

од Берта Китинска

„Судиите во Апелациониот суд Скопје, кои работеле на предметот по жалбата на група доверители на Еуростандард банка против Решението на Основниот граѓански суд Скопје 2СТ.бр.123/20 од 27.08.2021 година, со Решение ТСЖ-1554/21 од 23.09.2021 година, не само што експресно ја одбиле жалбата само за еден ден, туку тоа го сториле без да навлезат во суштината на предметот. Тие постапиле несовесно и нестручно при одлучувањето по овој предмет, поради што депонентите, физички и правни лица, како доверители во стечајната постапка за Еуростандард банка, можат да претрпат ненадоместлива штета преку уште една голема неправда“, велат од Здружението на оштетени штедачи.

„Јавно упатуваме апел до Судскиот совет, да ПОСТАПИ по поднесеното дополнување на барање за утврдување на одговорност на судиите по донесеното Решение ТСЖ-1554/21 од 23.09.2021 година и воедно бараме МОНИТОРИНГ на стечајниот предмет 2 СТ.бр.123/20 на Основниот Граѓански Суд Скопје, особено по однос на Барањето на група доверители поднесено преку Полномошник до Основниот Граѓански Суд Скопје на 13.10.2021 како и по Дополнувањето на барањето поднесено во Суд на 15.10.2021 година.

Доколку Советот на судии совесно и стручно го проучил предметот, тој ќе беше вратен на Основниот граѓански суд Скопје на повторно одлучување поради најмалку две процедурални причини. Терминот „посебна (sui generis) законска суброгација” е непознат во законската норматива во нашата држава и повикувањето на овој термин е недоволно јасно и недоволно образложено, па Основниот граѓански суд Скопје требал да објасни која е таа одредба по која е донесена Одлуката и во кој закон таа одредба е содржана. Бидејќи судиите судат врз основа на Устав и Закон. И доколку во судската одлука не е утврдено врз основа по кој член и по кој закон е донесена, истата е нејасна и неразбирлива, и тоа ја прави НЕЗАКОНИТА“, велат меѓудругото оттаму.

Слични содржини