Осип и црвенило: Ким Кардашијан со години се бори со автоимуна болест (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан со години страда од хронично кожно заболување.

Познатата ријалити ѕвезда за првпат развила псоријаза во нејзините 20-ти години и тогаш успеала да ја излечи, но откако заболувањето се вратило во нејзините 30-ти, ништо не можело да ѝ помогне, па сега се справува со природна терапија и се помирува со проблемот.

Во последните 13 години, псоријазата е дел од секојдневието на Ким Кардашијан, а многу луѓе се справуваат со оваа автоимуна состојба, па ријалити ѕвездата одлучи да ја покаже својата кожа во вистинско светло.

„Поминаа 13 години откако првпат се соочив со псоријаза. Јас сум единственото дете на кое мајка ми го пренела овој автоимун проблем… Каква среќна девојка… Кога имав 25 години, првпат се појави кога имав настинка, а имав црвенило насекаде на мојот стомак и нозете. Запознав дерматолог кој ми даде инјекции со кортизон во тоа време и тоа полека исчезна, а по 5 години целосно се ослободив од проблемот, иако тогаш не ни знаев дека се работи за псоријаза“, објаснила Ким во една прилика.

Откако ѝ била дијагностицирана псоријаза и псоријатичен артритис, таа ги испробала сите можни терапии за да се излечи, но ништо не помогнало.

„Се чувствував мизерно, не само поради црвенилото и чешањето, туку имав неподнослива болка во рацете, до коските – не можев да го земам телефонот, па дури ни четката за заби. Отидов на лекар затоа што мислев дека е артритис и бев многу загрижена и исплашена, а тестовите покажаа дека имам псоријатичен артритис“, открила старлетата која со текот на времето научила да живее со оваа болест.

Слични содржини