Оскаровската торба со подароци најскапа досега: Еве што сè добија присутните

од Elena Daskalova

Традиционално, секој од номинираните за Оскар во главните категории, добива торба со подароци која оваа година, споредено со претходните, беше најскапа досега.

Според Ројтерс, како што пренесува Харперс базар, подароците во оваа торба чинеле најмалку 225.000 долари, а во неа имало:

– 12-дневно крстарење со јахта вредно 78.000 долари
– Третман за подмладување вреден 20.000 долари
– Ваучер од 20.000 долари за посредништво меѓу актери и продукции и слично

Постојат исто така и „утешни“ торби со подароци во кои имало накит, смарт-уреди, пијалаци, парфеми, бонбони и чоколади, но и електронски цигари инспирирани од Леонардо Дикаприо. Во торбата се најдоа и летоци со активистички содржина, особено за бездомници и за правата на жената.

Слични содржини