Осквернавен споменик во Париз во чест на жртвите од холокаустот

од Nikola Popovski

Споменик во чест на жртвите на холокаустот во Париз бил осквернавен со графити, објави денес францускиот весник „Ле Поинт“.

Во текот на изминатата ноќ, непознати лица на споменикот ги напишаа графитите „Ујгури 2021 – Евреи 1941“ и „Животите на Ујгурите се важни“. Графитите биле испишани во должина од скоро десет метри.

Според другите француски медиуми, луѓе на велосипеди ги пишувале графитите, а идентификацијата ќе биде тешка бидејќи носеле кациги и јакни со подигната јака.

Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот е основан во знак на одбележување на 27 јануари 1945 година, кога Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц-Биркенау, еден од најпознатите нацистички логори на смртта во поробена Европа.

Слични содржини