„Ослободете ја оваа несреќна генерација од полагањето на матура“

од Берта Китинска

Продолжува штрајкот на вработените во основното и средното образование, но од денес градинките пак примаат деца.Рекациите за штрајкот на наставниците кој трае скоро 3 недели не стивнуваат.

Според докторот Нико Беќаровски матурантите треба да се ослободат од полагањето на матурата.

-Овогодишните матуранти од 4 години средно образование 2 години минаа надвор од училишните клупи.Цело второ полугодие од втора година практично и не постоеше.Цела трета година беше ON LINE JOKE OF SCHOOL.Второво полугодие од четврта година за жал го поминаа со продолжен распуст и штрајкови, во кафулиња.Како овие деца и со кое стекнато знаење ќе полагаат МАТУРА ????Ослободете ја оваа несреќна генерација од полагањето на матура, или признајте им го просекот од оценките како резултат од МАТУРА !!, предлага Беќаровски.

За глумецот Рубенс Муратовски преку штрајкот, учениците учат за емпатија.

-Ќе загубеле децата многу што не одат на училиште”…глупост! Бандити, измамници, лажговци и полуписмени идиоти се милионери кои училиштето го поминувале заради богатиот и влијателен татко ама нашиве деца оти не одат 2 недели на училиште ќе останеле неписмени. Напротив, учат многу сега. Учат дека достоинството е многу важно. Учат дека не смеат да бидат полтрони и малодушни. И учат за емпатија. Учат дека треба да имаат разбирање и сочувство кон проблемите на другите. Во овој случај кон своите учители, коментира на Фејсбук Муратовски.

Синдикатот на образованието, науката и културата останува на своите барања за зголемување на платите од 18,4% и вчера не ја прифати понудата на владата за зголемување на платите за 12 отсто.Од вкупно 480 синдикални организации, 388 вчера се изјаснија за продолжување на штрајкот. Во однос на градинките, Советот на СОНК одлучил штрајкот во градинките да биде во мирување, соопштија од Синдикатот.

Советот на СОНК вчера донесе одлука дека штрајкот продолжува се додека не се најде заедничко решение, информираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков и најави дека во среда на 4-ти мај ќе се одржи и голем протест пред Владата.

Слични содржини