Ослободете се од лошиот здив со помош на овој пијалок, потребна ви е само една намирница

од Stefanija Kuzmanovska

При одржување на оралната хигиена најважно е редовно четкање на забите, но и плакнење на усната шуплина, со цел да се отстранат насобраните бактерии, кои се главната причина за лошиот здив.

Ако сакате да ги избегнете непријатните води за испирање на устата, подгответе пијалок кој ќе ви даде ефикасен резултат.

Зелените лисја на магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, што укажува на изобилство на хлорофил, е најдобриот природен борец против лошиот здив затоа што има антибактериски својства.

Чај од магдонос

Состојки: половина рака свеж магдонос и ½ литри вода

Подготовка: Ставете половина литар вода во тенџере и додадете сецкан магдонос, па варете околу пет минути. Потоа исцедете го пијалокот, изладете го и консумирајте го после секој оброк.

Слични содржини