„Ослободување“ на „заробени“ дрвја во Карпош 4

од Берта Китинска

Општина Карпош продолжува со акцијата за „ослободување“ на „заробени“ дрвја од градежни материјали. Овие денови, екипи работат на отстранување на бекатон плочки и асфалт околу 16 дрвја во должина на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4.

Со отстранувaњето на градежните материјали, се овозможуваат услови за подобар развој на дрвото и негова поголема функција во апсорбирањето на прашината и штетните гасови.

Локалната самоуправа, покрај тоа што води сметка за садење на нови дрвја, во континуитет се грижи и за одржување на постоечкото зеленило и веќе развиените садници.

Слични содржини